Министерот за земјоделство Љупчо Димовски изврши обиколка и контрола на млекопроизводствени капацитети во Битола и Битолско. Според него, најголем дел од потрошувачите се уверени и потврдуваат дека македонското млеко е најквалитетно. Нешто со што можеме да се гордееме и да бидеме задоволни е токму брендот на „Бимилк“ затоа што го пласира на пазарот со врвен квалитет. Битолската млекарница е таа што покажува најдобри резултати при запазувањето на сите критериуми и истовремено драго ми е што е зголемен капацитетот, но и производството на дневна основа на млеко и млечни производи, а истовремено се реализираат инвестициски зафати и нови погони и линии со цел уште повеќе да се зголеми квалитетот на македонското млеко, вели Димовски.
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски изврши обиколка и контрола на млекопроизводствени капацитети во Битола и Битолско. Според него, најголем дел од потрошувачите се уверени и потврдуваат дека македонското млеко е најквалитетно.
- Нешто со што можеме да се гордееме и да бидеме задоволни е токму брендот на „Бимилк“ затоа што го пласира на пазарот со врвен квалитет. Битолската млекарница е таа што покажува најдобри резултати при запазувањето на сите критериуми и истовремено драго ми е што е зголемен капацитетот, но и производството на дневна основа на млеко и млечни производи, а истовремено се реализираат инвестициски зафати и нови погони и линии со цел уште повеќе да се зголеми квалитетот на македонското млеко - вели Димовски.
Министерот Димовски во придружба на генералниот менаџер на битолската млекарница Златко Најдовски во селото Мусинци ја посети краварската фарма „Млекопромет“, која има стадо од 50-ина говеда.
- Посетивме фарма во која се искористени средствата од програмата со која се поддржува набавка на висококвалитетни говеда за понатамошно производство на млеко, како и контрола на млекото и задоволни сме од постигнатиот успех - вели Димовски.